Конте ја остави отворена вратата за заминување на Осимен?


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен привлече голем интерес од европските гиганти и се очекуваше летово да реализира голем трансфер, но такво нешто нема да се случи.

Претседателот на Наполи не го пушта Осимен да замине, а истиот став го дели и тренерот Антонио Конте кој откри дека разговарал со одличниот голгетер.

„Зборував со Виктор и ситуацијата е јасна. Осимен е одличен напаѓач. Тој е фудбалер на Наполи и треба да работи напорно без разлика дали ќе се постигне и договор за негово заминување“, кажа Конте.