Конте ќе го преземе Милан и веднаш ќе се засили од Наполи


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Златан Ибрахимовиќ го убедил Антонио Конте да потпише за Милан, а прво засилување ќе му биде од Наполи.

Новинарот Лука Момблано објави дека Конте ќе го замени Стефано Пиоли на кормилото на „росонерите“ по крајот на актуелната сезона.

Конте веќе разговарал и за плановите за сезоната 2024/25, па прво засилување треба да му биде фудбалер од Наполи, но засега неговото име се чува во тајност.

Италијанецот и претходно работеше во Серија А, каде што ги тренираше Интер и Јувентус.