Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на Интер, Антонио Конте даде одговор на прашањето зошто воопшто не го користи новото засилување од Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез.
Чилеанецот досега одигра само десет минути во Интер, а останатите натпревари ги гледаше од клупата за резервни фудбалери.
Антонио Конте истакна дека во неговиот тим ќе играат само подготвените играчи и меѓу редови навести дека Алексис се уште е далеку од првотимски статус, нешто што сигурно крилниот фудбалер не го очекуваше.
„За него важат истите зборови како и за сите фудбалери. Кога ќе видам дека играчите се подготвени, тие ќе бидат во стартниот тим или ќе добијат шанса. Ако не се ќе седат на клупата. Морам да работам за интересот на Интер, не за интересот на индивидуалците“- истакна Конте.