Конте пак се жали: Наместо да се засилиме во јануари, Тотенхем беше ослабен!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте смета дека неговиот тим е ослабен во текот на јануарскиот преоден рок, иако клубот ангажираше две засилувања.

Во екипата од Лондон пристигнаа Дејан Кулушевски и Родриго Бентакур, додека Ндомбеле и Ло Селсо заминаа на позајмици, Деле Али потпиша за Евертон, а Брајан Хил се пресели во Валенсија.

„Загубивме четири фудбалери. И тоа четири играчи кои беа важни за тимот, а ангажиравме само двајца. Бентакур и Кулушевски се одлични засилувања. Овој клуб бара млади фудбалери, кои ќе се развиваат, а не такви кои се веќе подготвени. Тоа е проблемот, но тоа е визијата на клубот. Ако сакате да напредувате, потребни ви се фудбалери со повеќе искуства“, вели Конте.

Тотенхем во моментов е осми на табелата во Премиерлигата со 36 бодови, додека следниот меч го игра против Манчестер сити.