Конте по пресметката со Тухел: Среќа имаш што не те видов… (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси одигра 2-2 против Тотенхем, иако заслужи да победи, но поради судиските грешки гигантот од синиот дел на Лондон остана оштетен.

По мечот се случи и инцидент на теренот, кога тренерите Томас Тухел и Антонио Конте имаа вербална, па физичка пресметка која за малку можеше да се претвори во тепачка.

Драмата почна при 1-1, кога Конте славеше бурно и го изнервира Тухел, а набрзо потоа Челси погоди за 2-1, по што Германецот трчаше и славеше покрај клупата на Тотенхем.

Конте по мечот реши да го искоментира моментот.

„Имаш среќа што не те видов…“, напиша Конте на неговиот профил на Инстаграм.