Конте подготвен да го продаде и Скриниар, Интер ја одреди неговата цена


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Антонио Конте на навистина чуден начин се справува со интересот на големите клубови за своите играчи.

Откако искусниот стратег се согласи да го продаде Лаутаро Мартинез за кого се чека понуда од Барселона, сега медиумите во Италија пишуваат дека Интер ќе го стави на трансфер листа и Милан Шкриниар.

Словакот привлекува голем интерес од разни клубови ширум Европа кои доколку платат 80 милиони евра ќе може да го имаат во своите редови.

Најсериозен интерес за Шкринијар има од редовите на ПСЖ, а се споменува можен интерес и од тимот на Манчестер Сити.