Конте прави „предавство“ и се сели во друг италијански гигант!?

Фото: Antonio Konte/Instagram

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Иако Антонио Конте официјално ја предводи екипата на Наполи, се чини дека неговата иднина во клубот не е целосно сигурна. Според најновите извештаи од италијанските спортски медиуми, летово може да дојде до неочекуван пресврт во неговата кариера.

Како што пренесува „Калчомеркато“, постои реална можност искусниот стратег повторно да седне на клупата на еден од другите италијански гиганти – Милан или Јувентус, и покрај тоа што има важечки договор со Наполи кој истекува дури во јуни 2027 година.

Клучниот фактор што ги поттикнува ваквите шпекулации е отсуството на откупна клаузула во договорот на Конте со Наполитанците.