Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Антонио Конте е забележан денес на римскиот аеродром, Фјумичино, слета во престолнината, но јасно е дека тоа не мора да значи ништо, иако ја подигна температурата помеѓу навивачите.
Имено, Рома досега испрати најсериозна понуда на бившиот селектор на Италија и тренер на Јувентус и Челси.
Му нудат 3-годишен договор на 9,5 милиони по сезона. Конте важи за најголем фаворит за клупата на Интер, но изгледа дека на „Меаца“ одлучија сепак да го задржат Спалети.
Се шпекулира дека го чека Јувентус, поточно одлуката околу Алегри, но тренерот на Јувентус повтори дека останува, следната недела е закажан состанок со Анјели по кој се ќе биде појасно.
Но, изгледа дека Конте, ако Рома остане помеѓу Топ 4 екипите, ќе ја прифати понудата. Самиот Ранијери истакна дека би било одлично решение, дека сам би го повикал Конте на стадионот, а Тоти смета дека пристигнувањето на трофејниот тренер би значело дека најдобрите играчи ќе останат.
Рома јасно е дека со пласман во Лигата на шампионите би дошла до неопходна сума на средствата, па не би морала да ги продава најдобрите играчи, а сигурно дополнително би го засилиле тимот.
Очекувањата на навивачите се големи, инаку Рома не испратила ваква понуда за тренер откако Фабио Капело беше на клупата и успеа на почетокот на векот да ја освои титулата.