Конте воведе неколку забрани за играчите на Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Челси пред три дена одбработија официјално претставување на својот стадион пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата.

Челси во овој викенд ја почнува новата сезона за која сите навивачи на Сините се надеваат дека ќе биде многу подобра од минатата.

Лондонскиот клуб од ова лето од клупата ќе ја води италијанскиот стручнак Антонио Конте кој со своите потези веќе го привлече вниманието на англиската јавност.

Инаку, Конте овој пат се одлучи да воведе неколку забрани за своите фудбалери.

Италијанскиот стручнак се одлучи на играчите да им забрани на Челси да конзумираат пица, газирани пијалоци, тестенини. Сепак, ова не е новост кој Конте го воведе во англискиот фудбал, бидејќи слични работи пред неколку недели направи новиот тренер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.