Конте: Заслуживме повеќе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Интер ремизираа со Фиорентина со резултат од 1:1 во 16. коло од италијанската Серија А.

Неразурите имаа серија од лоши денови откако испаднаа од групната фаза од Лигата на Шампионите поради поразот на домашен терен од Барселона (2:1).

Но, тренерот на Интер, Антонио Конте мисли дека тие заслужија многу повеќе:

„Во овој натпревар не го постигнавме резултатот кој го заслуживме. Против Барселона бевме казнети за неколку промашувања и така примивме гол од ситуации за кои беше потребно да реагираме подобро“, рече италијанскиот стручњак, па додаде:

„Овој натпревар беше силен одговор од нашиот тим. Но, разочарување е тоа што примивме гол во доцните минути од натппреварот, а заслуживме повеќе, вечерва, но и против Барселона. Мораме да поработиме за да ја поправиме реализацијата и одбраната.“

После 16. коло од Серија А на врвот на првенствените скалила се наоѓаат Интер и Јувентус со освоени 39 бодови. Тимот од Милано во наредното коло ќе ја дочека Џенова, додека Јувентус ќе гостува во Сампдорија.