Контроверзен потег на Ал-Келаифи, но Бен Арфа последен се смее!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Скандал по скандал во финалето на францускиот Куп. Најпрво Килијан Мбапе доби црвен картон, а потоа Нејмар удри навивач, па се посрамоти и претседателот Насер Ал-Келаифи.

Сепак, Хатем Бен Арфа се смее последен. Поранешниот фудбалер на Парижаните, кој беше отпишан од клубот и една година не играше фудбал, вчера со Рен го освои Купот.

На доделувањето на трофејот, Ал-Келаифи одби да се поздрави со одличниот фудбалер, па тие разменија неколку зборови, а тоа сигурно не беше ништо рпијатно.

Наводно, караницата меѓу Ал-Келаифи и Бен Арфа почнала кога фудбалерот му рекол на шеикот Ал-Тани.

„Полесно е да ве видам вас, отколку претседателот Ал-Келаифи“, кажал фудбалерот.

Токму од тогаш Бен Арфа падна во немилост на Парижаните, но сепак успеа да се спаси на крајот.