Контроверзна одлука на судијата ѝ украде гол на Борусија Дортмунд?

Манчестер сити го совлада тимот на Борусија Дортмунд со 2-1 во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони.

„Граѓаните“ во мечот влегоа како фаворити, но со многу мака го решија мечот во своја корист и триумфираа, но големо внимание привлече детал од финишот на првиот дел.

Џуд Белингам успеа да му ја украде топката на голманот Едерсон, кој потоа го удри по нога младиот фудбалер на Дортмунд.

За судијата од Романија ова беше прекршок врз голманот, а Белингам доби дури и жолт картон, иако со оваа одлука по мечот не се сложија фудбалерите на германскиот тим.

Многумина веруваат дека Дортмунд е оштетен во мечот и дека немало никаков прекршок врз Едерсон.