Контроверзниот Бен Арфа станува соиграч на нашиот Горан Пандев?


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


„Скај Италија“ јавува дека контроверзниот француски фудбалер, Хатем Бен Арфа би можел да го засили тимот на Џенова.

Офанзивецот е слободен агент и е без клуб од крајот на минатата сезона и во моментов е во потрага по нова дестинација во која ќе ја продолжи кариерата.

Последен тим во кој играше Бен Арфа е Рен, а сега би можел да пристигне во Џенова како заменаза Куаме кој заработи тешка повреда додека беше на интернационална должност.