Контроверзниот Мекгрегор сака да го купи Челси!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ирскиот борец Конор Мекгрегор повторно е во центар на внимание по објавата на социјалните мрежи. Тој се вклучи во приказната за иднината на Челси, кој бара нов газда откако Роман Абрамович реши да го продаде клубот.

Абрамович беше критикуван поради војната во Украина, затоа што јавно не сакаше да го осуди потегот на Владимир Путин, па поради тоа си замине од лондонскиот тим.

Русинот бара повеќе од две милијарди евра за да го продаде Челси, а англиските медиуми пишуваат за потенцијалните купувачи на екипата, а еден од нив би можел да биде и Мекгрегор.

Ирецот на социјалните мрежи објави порака како на еден од неговите соработници му кажал да го купат Челси.