Контроверзниот Рубиалес повеќе не е прв човек на шпанскиот фудбал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Рубиалес ја напушти претседателската позиција во Фудбалската федерација на Шпанија по критиките кои ги доби откако ја бакна шпанската репрезентативка Џени Хермосо.

Хермосо кажа дека бакнежот не бил со заемна согласност и минатата недела поднесе пријава за сексуален напад.

„Не можам да продолжам со мојата работа и затоа поднесов оставка. По експерсната суспензија од ФИФА и отворените дисциплински постапки против мене, очигледно е дека не можам да продолжам со извршување на моите задачи“, кажа Рубиалес.