Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најпрестижното фудбалско натпреварување во Јужна Америка, Копа Либертадорес ќе продолжи на 15 септември по шест месеци пауза поради пандемијата на коронавирусот.
КОНМЕБОЛ во соопштението најави дека во првиот ден ќе се одиграат четири меча од третото коло, а еден ден подоцна на програмата ќе бидат уште пет средби, по што на 17 септември следат седум дуели.
Во игра за шампионската титула во Јужна Америка се 32 клубови, кои се поделени во осум групи по четири клуба, а пласман во следната фаза ќе обезбедат двата најдобри тимови од секоја група.
Финалето е закажано за јануари 2021 година на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро, а титулата ја брани бразилски Фламенго, кој лани беше подобар од Ривер плејт со 2-1.