Копачките на Погба од СП ќе бидат продадени на аукција (ФОТО)

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба, решил да ги продаде своите копачки во кои играше во финалето на Светското првенство (СП) и планира да ги донира парите за хуманитарна организација.

Неговите копачки ќе бидат дадени на аукција во Париз, а тој се надева дека ќе може да ги продаде за околу 40.000 евра.

Францускиот репрезентативец токму во тие копачки погоди против Хрватска (4-2), во финалето кога Франција ја освои титулата на светски шампион.

За неговите копачки сигурно ќе постои огромен интерес од многу луѓе, а можеби ќе добие и повеќе пари отколку што очекува за истите, зашто се важен дел од историјата.