Кореец направи контроверзен трансфер од Јувентус во Катар!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хан Кванг-Сон е 22-годишен фудбалер од Северна Кореја, кој минатата зима се пресели од Јувентус во Катар. Тој е роден во Пјонгчанг, а во јануари 2020 година потпиша договор со италијанскиот шампион.

Кванг-Сон стави потпис на договорот на 2 јануари 2020 година за 3,5 милиони евра, а шест дена подоцна Јувентус го продаде за пет милиони евра во Ал-Духаил од Катар.

И ништо немаше да биде спорно, но поради неговиот трансфер од Италија во Катар се вмеша Советот за безбедност на Обединетите нации.

Со овој трансфер се кршат економските санкции изречени на режимот на Пјонгчанг, па според Обединетите нации, Јувентус морал да го испрати младиот фудбалер дома пред декември 2019 година.

Секој кореец треба да исплати дел од заработката на режимот на Ким, а со трансферот биле прекршени сите правила.