„Кориере дело Спорт“: Милан сака да ангажира пет фудбалер на Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан е заинтересиран дури за пет фудбалери на Реал Мадрид, а информацијата ја пренесува италијанскиот медиум „Кореире дело Спорт“.

Тренерот Карло Анчелоти ќе се ослободи од непотребните фудбалери во Мадрид, а Милан гледа шанса за засилување на нивната екипа.

Паоло Малдини треба да има преговори со раководството на Реал и сака да им предложи продолжување на позајмицата на Брахим Дијаз, зашто „росонерите“ се задоволни од неговите настапи во минатата сезона.

Позајмениот фудбалер во Милан минатата сезона настапи на 27 меча и притоа постигна четири гола и имаше седум асистенции.

Италијанеците, освен него, сакаат уште четири фудбалери, а станува збор за Лука Јовиќ, Дани Себаљос, Алваро Одриозола и Мариано Дијаз.

Милан мора да се засили за следната сезона бидејќи ќе игра и во Лигата на шампиони, а ремонтот во Мадрид е идеална шанса за такво нешто.