Кошаркарот на Кливленд е слободен играч


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Џеј Ар Смит одлучи повторно ова лето да биде слободен играч.

Со зголемување на салари кепот и Смит сака да зграпчи дел од колачот, наместо 5.4 милиони долари кој треба да ги добие од Кавс следната сезона, ќе бара повеќе. Бидејќи имаше солидна сезона во која беше стартер, free agency за него беше логична опција.

„Овде сакам да бидам. Навивачите ме сакаат мене, а јас ги сакам нив и соиграчите“, изјави Смит.

Џеј Ар Смит оваа сезона имаше учинок од 12.4 поени, 2.8 скока и 1.7 асистенции.