Кошаркар на Минесота удри две жени со столче и ќе заврши во затвор? (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Минесота тимбервулвс загуби од Денвер нагетс со 1-4 во првото коло од плејофот, а со сериозни проблеми се соочува Ентони Едвардс.

Кошаркарот на Минесота доби две тужби за физички напад по завршување на дуелот со Денвер (109-112).

Едвардс не беше внимателен и погоди две жени со столче на пат кон соблекувалната, па според законот во сојузната држава Колорадо, ова дело може да биде казнето и со затвор до година ипол, ако кошаркарот не успее да се спогоди со тужителите.