Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Американскиот кошаркар и бек на Шарлот хорнетс, Монтерзл Харел се соочува со тужба за продавање на дрога, откако полицијата најде ќеси со марихуана во неговиот автомобил.
Харел беше запрен при рутинска контрола на 12 мај, а полицаецот му ја пронашол дрогата во автомобилот. Кошаркарот со него носел 1,4 килограми марихуана која била вакумирана во ќеси.
Кошаркарот е обвинет за трговија со 2,3 килограми марихуана вкупно, а би можел да се соочи со затворска казна до пет години.
Судењето е закажано на 13 јули во Судот во Медисон, па наскоро ќе биде позната судбината на кошаркарот, кој можеби ќе мора да ја заврши кариерата предвреме.