Кошаркар потпиша за грчки тим, па загина во сообраќајка!


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Тажни вести ја погодија Грција, откако екипата Паниониос соопшти дека починал еден од нивните кошаркари, Донован Маршал.

Маршал неодамна потпиша договор со тимот од Атина, а се очекуваше во следните денови да се прикучи на подготовките.

„Шокирани сме од смртта на Маршал. Сакаме да изразиме сочувство на неговото семејство. Почивај во мир“, соопшти тимот.

Кошаркарот загина во сообраќајна незгода, а тоа го потврди и неговиот менаџер.