Кошаркарите на Армани донираа милион евра на болниците во Ломбардија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарите на Армани Милано направија одличен потег и помогнаа во борбата против опасниот вирус Ковид-19.

Армани и претседателот на клубот, Лео Дел Орко објавија денеска дека кошаркарите, како и тренерот дека се откажале од дел од своите плати за да се помогне во тешката битка.

Кога ќе се соберат сите суми од кои се откажале, се доаѓа до цифра од милион евра, која ќе биде испратена до болниците ширум Ломбардија за да се запре пандемијата на вирусот, а дел од парите ќе ги добие и цивилната заштита.

Кошаркарите на Армани неодамна ја напуштија изолацијата откако беше потврдено дека никој нема симптоми на коронавирус.