Кошаркарите на Далас го поздравија Дончиќ со – „ќотек“ (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Далас маверикс го пречекаа Лука Дончиќ на навистина чуден начин во соблекувалната. Тие тргнаа кон него и буквално го „истепаа“, а тоа веќе им стана како ритуал.

Далас на својот официјален профил на Твитер ја објави снимката од „нападот“ врз словенечкиот кошаркар.

Дончиќ поради повреда претходно паузираше четири дуели, а потоа се врати на теренот против Сан Антонио и продолжи каде што застана.

Словенецот постигна 24 поени, 10 скокови и осум асистенции во триумфот на Далас од 102-98.