Кошмар за Тен Хаг: Манчестер јунајтед загуби од Брајтон (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед нема добар старт на сезоната, откако пред домашните навивачи загуби со 1-2 од Брајтон во првото коло на Премиерлигата.

Паскал Грос со два гола во првиот дел непријатно ги изненади домаќините, откако најпрво погоди во 30. минута, а потоа девет минути подоцна.

Алексис Мек Алистер ја врати надежта на „ѓаволите“ со автогол во 68. минута, но сепак Јунајтед не стигна и до втор гол, па со тоа мораше да се соочи со пораз.