Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Сколс се сети на тројца ривали кои на теренот му правеле најмногу проблеми.
Поранешниот фудбалер водеше борби на англиските и европските терени, но најтешко му било против Роби Севиџ, Патрик Виеира и Папа Буба Диоп.
„Кога играв како фудбалер за врска во натпреварите влегував со размислување дека го сакам цело време на овој свет, никој да нема покрај мене и да го почуствувам просторот за добро додавање“, кажа Сколс.
Сколс се присети на тројцата ривали со кои имаше мака во претходните години.
„Начинот на кој играв не подразбираше да бидам посилен и побрз од ривалот. Виера беше предолг. Папа Диоп беше огромен, а доколку сакате да се натпреварувате физички со него, тогаш ќе загубите само време“, вели Сколс.