Кошмарот за Гвардиола не престанува: Двајца играчи побарале да си заминат од Манчестер сити


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Двајца фудбалери на Манчестер сити ќе направат сè за да го напуштат клубот во јануари и да ја продолжат својата кариера далеку од Етихад.

Синоќа Сити ја постигна победата од 5:4 против Фулам на гостински терен. Иако имаа предност од 5:1, на крајот ја спасуваа победата.

Домашниот тим до 78. минута намали на 5:4, а во 98. минута Гвардиол му ги спаси трите поени на својот тим така што ја исфрли топката практично од гол-линијата.

Сето ова се случи иако Сити имаше многу добро лето во однос на доведувањето нови фудбалери.

Тијани Рејндерс, Рајан Черки, Рајан Аит-Нури и Џанлуиџи Донарума се играчи кои беа навистина големи засилувања за Manchester City минатото лето.

Донарума дојде во Сити од ПСЖ за околу 35 милиони евра и тоа на последниот ден од трансфер периодот.

Тој исто така беше трет голман кој пристигна бидејќи претходно во клубот за околу 30 милиони евра пристигна Џејмс Трафорд, а дојде и Маркус Бетинели од Челси.

Интересно беше и тоа што Пеп Гвардиола одлучи да го пушти Едерсон да замине во Фенербахче и да ја продолжи кариерата таму.

Според англиските медиуми, двајца голмани, Стефан Ортега и Џејмс Трафорд му ставија на знаење на Гвардиола дека во јануари сакаат да си заминат од Етихад.