Косово на колена: Македонија на чекор до ЕП! ?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Косово падна во Скопје! Македонија е на еден чекор од историја. Момците на Игор Ангеловски денеска го победија Косово со 2:1 и дојдоа на чекор до Европско првенство (ЕП).

Добро започнавме од самиот старт, имавме игра и напаѓавме. Таквата игра се исплатеше веќе во 16. минута. Стефан Ристовски шутираше, а топката од ногата на Алити заврши зад грбот на Муриќ.

Косово немаше некоја игра, но успеа да ја казни нашата лоша комуникација во одбраната. Не се разбра Димитриевски баш најдобро со соиграчите, тоа го искористи Хадерѓонај кој испрати удар и го лобуваше нашиот голман.

За наша среќа само четир минути подоцна стигнавме до ново водство. Барди од еден слободен удар испрати одлично нафрлување, а тоа го искористи Дарко Велковски кој со глава го матираше Муриќ.

Во вториот дел следевме помирна игра, најголемите шанси за погодок ги имавме ние. На Пандев му беше поништен гол поради офсајд позиција, а капитенот потоа со еден удар во свој стил на маки го стави Муриќ кој сепак успеа да одбрани.

Косово во самиот финиш можеше да дојде до изедначување, но Димитриевски одлично реагираше.

За историски пласман на едно Европско Првенство на Македонија и останува уште да ја победи Грузија во финалето. Тој натпревар ќе го играме на гостински терен.