Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20.45 часот ќе го пречека Косово во историскиот бараж натпревар за пласман на Европското првенство.
Нашиот сосед пристигна вчера во Скопје, но се наоѓа во проблем бидејќи не може да сметаат на неколку важни фудбалери меѓу кои Милош Рашица, Ведат Муричи и Амир Рахмани.
Косовските медиуми објавија со кој состав би можел да настапи Косово денеска, а според нив ќе игра во формација 4-2-3-1.
На голот ќе биде Муриќ, по што во одбраната ќе заиграат Кололи, Алити, Драшевиќ, Војвода, а во екипата се уште и Бериша, Шала, Зенели, Селина, Жерегова и Нухиу.