Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Диего Коста, поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид, реши да се врати во татковината и најверојатно ќе потпише за Палмеирас, кој играше на клупското Светско првенство во Катар.
Бразилецот треба да потпише двегодишен договор со Палмеирас и ќе добие плата од два милиони евра годишно, и така ќе стане најплатен фудбалер во Бразил.
Репрезентативецот на Шпанија за првпат ќе игра во Јужна Америка бидејќи неговата кариера ја почна во португалскиот тим.
Палмеирас ја брани титулата во шампионатот, а Коста дефинитивно ќе биде големо засилување за нив во нападот и ќе им помогне во остварување на амбициите.