Костадинов: Ќе ни помогне тоа што сите мислат дека сме аутсајдери!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонските фудбалери одржаа прес-конференција пред настапот на Европското првенство (ЕП), а еден од играчите кои зборуваа беше Тихомир Костадинов.

Костадинов кажа дека Македонија ќе го остави срцето на теренот.

„Последните два меча беа одлична увертира за ЕП бидејќи одигравме многу добро. Знаеме дека тоа беа пријателски дуели, но последниот со Казахстан беше добар за самодоверба“, вели Костадинов.

Македонскиот репрезентативец се израдува и поради тоа што на стадионот ќе има присуство на навивачи.

„Очекуваме поддршка од навивачите, знаеме дека ќе бидат најгласни и најдобри. Тие сметаат дека сме аутсајдери, но тоа ќе ни помогне да имаме помал притисок“, објаснува Костадинов.