Костадинов: Пандев одржа петминутен говор, по кој сите плачевме во Грузија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот фудбалски репрезентативец Тихомир Костадинов се пресели во полски Пјаст Гливице, по што имаше интервју за медиумите во државата.

Костадинов во интервјуто зборуваше за настапот на Македонија на Европското првенство (ЕП), кое беше прво во нашата историја.

„Тоа беше неверојатно искуство. Ние сме мала држава и ни беше чест да играме на таков турнир. По баражот со Грузија не можевме да славиме поради карантинот“, вели Костадинов.

Овој 25-годишен фудбалер кажа и што се случувалот пред натпреварот против Грузија во Тбилиси.

„Пандев имаше емотивен говор. Ни кажа дека би се откажал од сите медали, како и од тој од Лигата на шампиони затоа што сака да игра со Македонија на Евро 2020. Ни зборуваше пет минути, а кога се свртев видов дека голем број соиграчи плачат. Не беше возможно да го загубиме натпреварот“, кажа македонскиот репрезентативец.