Костадинов: Против Исланд мора да играме со „ладна глава“!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија во недела ќе игра натпревар за бараж на Светското првенство во 2022 против Исланд на градскиот стадион во Скопје.

Ни гостува Исланд во Скопје и ние со победа ќе го обезбедиме местото во баражот. Играчот од средниот ред Тихомир Костадинов порачува дека Македонија со „ладна глава“ треба да влезе во натпреварот.

„Овој тим веруваше до крај дека може да се доведеме во ситуација сами да решаваме за својата судбина во квалификациите за СП 2022. Не треба еуфорично да гледаме на овој момент, ни треба „ладна глава“ и целосен фокус на натпреварот. Се надевам дека публиката ќе биде со нас на вистински начин“, кажа Костадинов.