Костадинов: Сите селекции играат цврст и агресивен фудбал, знаеме што нè очекува во Велс


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Македонија одигра нерешено 0-0 против Летонија во пријателски натпревар, што се одржа пред незгодното гостување на нашата репрезентација во Кардиф.

Играчот на репрезентацијата, Тихомир Костадинов, истакна дека не е задоволен од исходот, но неговата цел е веќе насочена кон дуелот со Велс.

„Имавме бројни шанси, но голманот на Летонија беше високо на ниво и изведе одлични интервенции. Позитивно е тоа што не примивме гол; меѓутоа, нашиот напад не задоволува. Сите селекции играат веќе цврст и агресивен фудбал. Велс може да има уште поголема агресивност, и мораме да бидеме спремни за тоа и да се подготвиме. Свесни сме што нè очекува и за што се бориме, па ќе се потрудиме да бидеме целосно подготвени за тој дуел“, вели Костадинов.