Костакурта: Македонија има добри фудбалери, ама квалитетот е на страна на Италија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација во март ќе се соочи против Италија во полуфиналето на баражот за пласман на Светското првенство (СП) во Катар, кое ќе се одржи на крајот на 2022 година.

Легендарниот фудбалер на Милан, Алесандро Костакурта кажа дека Италија ќе ја победи Македонија, па во финале очекува пресметка против Португалија, која ќе се соочи најпрво со Турција.

Костакурта ја пофали Македонија, но смета дека квалитетот и тимскиот дух е на страната на Италија, која е европски шампион.

„Роберто Манчини нè изненади и треба да му бидеме благодарни за освоеното Европско првенство. Македонија е послаба од Италија, иако имаат добар тим и квалитетни фудбалери. Очекувам пласман на Мундијалот, но и тежок натпревар во финалето против Португалија“, вели Костакурта.