Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Легендата на Милан и бивш италијански репрезентативец, Алесандро Костакурта направи анализа за неуспехот на неговата селекција во дуелот против Македонија (0-1) во полуфиналето на баражот за пласман на Мундијалот во Катар.
Македонија со голот на Александар Трајковски во 92. минута го расплака европскиот шампион, по што почнаа шпекулациите дека селекторот на Италија, Роберто Манчини ќе си поднесе оставка на крајот на сезоната. Меѓутоа, Костакурта смета дека тренерот е најмалку виновен за овој пораз.
„Разочаран сум од поразот. Се вљубив во оваа италијанска екипа, а ми се допаѓаше и нивната игра, но овој пат потфрливме во нападот. Индивидуалните грешки во завршницата скапо нè чинеа на крајот. Манчини е одличен тренер. Според мене, тој е најмалку виновен за неуспехот“, вели Костакурта.