Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Голден Арт КЛ7, по крајот на сезоната, реши да се раздели со тренерот Игор Котевски, кој не успеа да го задржи тимот во елитата на македонскиот ракометет.
Екипата на Голден Арт КЛ7 објави официјално соопштение во кое ја информираше јавноста дека Котевски повеќе нема да биде на нивното кормило.
„Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира македонската спортска јавност дека заклучно со 22.06.2021 година (вторник) престануваат сите обврски за ангажман како главен тренер во клубот на досегашниот прв тренер Игор Котевски. На Котевски му благодариме на досегашната соработка и за придонесот во развојот на нашиот проект и му посакуваме многу успех во следните ангажмани. Клубот во текот на следните неколку дена ќе информира за новото решение за прв тренер на клубот“, соопштија од тимот.