Ковач откри како го запре Мбапе и го „нокаутира“ ПСЖ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Монако славеше со 2-0 против ПСЖ и направи големо изненадување. Тоа беше прва победа на „кнезовите“ од 2016 година, а тренерот Нико Ковач не го криеше задоволството.

ПСЖ ја прегази Барселона пред неколку дена со 4-1, а сега Очекуваа нова победа, но Монако се покажа како преголем залак.

Ковач кажа дека целта му била да го запре Килијан Мбапе и тоа на крајот му успеа.

„Нашиот план? Моравме да го запреме Мбапе. Тој е страшен напаѓач, а моравме да го неутрализираме неговиот пристап кон топката и тоа го направивме со три-четири фудбалери. Сите го чуваа, па затоа успеавме да победиме“, вели Ковач.