Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Џејдон Санчо беше блиску до трансфер во Манчестер јунајтед, а наводно стравот од нов бран од ковид-19 е најголема причина зошто англискиот клуб не сака да го купи.
Пандемијата е причина поради која Јунајтед се двоуми дали да плати 100 милиони фунти за Санчо, а клубовите и така се веќе во тешка ситуација, па „ѓаволите“ не сакаат да ризикуваат.
Јунајтед ќе загуби до пет милиони фунти за секој меч одигран зад затворени врати, а парите од спонзорите се помалку од претходно.
Голем дел од клубовите, па така и Јунајтед ќе мора да почека за да види како ќе се одвива ситуацијата, па по неколку недели, ако има потреба, ќе тргне по засилувањ.
Трансфер-периодот е продолжен и секако има време. Навивачите на Јунајтед се надеваат дека Санчо на крајот ќе потпише за клубот, но засега не е сигурно.