Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По фудбалерите на Црвена Звезда, пристигна вест и дека петмина српски судии се заразени со коронавирус.
Познатиот судија Срѓан Јовановиќ, како и неговите помошници Милан Михајловиќ и Урош Стојковиќ се позитивни на Ковид-19.
Поради тоа судиите го пропуштија последното коло од Суперлигата и не можеа да бидат во конкуренција за финалето на Купот во Ниш, иако Јовановиќ беше главен кандидат да ја дели правдата во мечот.
Новак Симовиќ, судија кој ја делеше правдата на вечното дерби, исто така е заразен со коронаврус, а позитивен на тестирањето беше и неговиот помлад брат, помошниот судија Милош Симовиќ.