Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Почетокот на кошаркарската АБА-лига, поради лошата епидемиолошка ситуација во регионот би можел да биде одложен за две недели, односно за почетокот на октомври.
Стартот на сезоната беше закажан за 19 септември, а како што откриваат црногорските медиуми, раководството на лигата во договор со клубовите до крајот на месецот ќе објават нов термин, зашто во август требало да почнат со подготовки за новата сезона.
Поради епидемијата на Ковид-19 беше откажан и Суперкупот на АБА-лигата, кој требаше да се одржи во Подгорица седум дена пред почетокот на сезоната.
Истото сценарио се разгледува и за Евролигата, која треба да почне на 1 октомври, но засега ништо не е сигурно и ситуацијата со вирусот будно се следи.