Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Откако Башкими излезе со соопштение за вчерашниот контроверзен гол на кумановскиот тим во завршницата за победа, следеше реакција и од таборот на Кожуф.
Гевгелискиот клуб ги отфрла сите обвинувања, истакнувајќи дека доколку се најдат виновниците, нив треба да ги снајде казна.
Во рамките на 28-то коло од ВМФЛ, на градскиот стадион во Гевгелија, се одигра натпреварот помеѓу Фк Кожуф и Фк Башкими, кој заврши со резултат 1:2.
По завршувањето на натпреварот, јавноста изрази силни реакции во однос на ангажманот на дел од играчите на нашиот тим. Во овој момент ги одбиваме обвинувањата кон Фк Кожуф и играчите. Доколку истрагата на надлежните органи утврди дека имало нерегуларности во овој натпревар, виновниците нека бидат најстрого казнети!
Со почит Фк Кожуф“, стои во соопштението.
Фото: ФК Кожуф