До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Симон Мињоле одлучи да ја заврши својата професионална кариера.
Тој ќе го направи тоа на крајот од оваа сезона, како што објави денес.
„Плејофот ќе биде последните десет натпревари во мојата професионална кариера”, рече Симон Мињоле.
„Од 1 септември започнувам нов предизвик, ќе бидам во спортскиот сектор на Фудбалскиот сојуз на Белгија. Подоцна ќе ја објаснам мојата позиција во федерацијата”, рече тој.
Додаде дека има за цел да освои титула за крај.
„Не сакам да бидам премногу емотивен сега бидејќи работата не е завршена. Сакам да станам шампион со Клуб Бриж”, рече тој.
Мињоле (38) за време на својата кариера настапуваше за Сен Труден, Сандерленд, Ливерпул и Клуб Бриж, а за репрезентацијата на Белгија бранеше 35 пати.
















