Крај на една ера, почеток на нова: Евра официјално се пензионираше и најави што ќе работи во иднина

Прославениот француски фудбалер, Патрис Евра денеска преку социјалните мрежи објави крај  на својата богата кариера.

38 годишниот лев бек во кариерата настапуваше за осум различни клубови, а најголема трага остави со игрите во Манчестер Јунајтед.

Кариерата ја започна во 1998година во италијанскиот клуб Марсала, а потоа настапуваше за тимовите на Монца (Италија), Ница и Монако (Франција) пред да направи трансфер во Манчестер Јунајтед.

Во Јунајтед освои 15 трофеи, а потоа се пресели во Јувентус од каде замина за Марсеј. Последен негов клуб беше Вест Хем, а откако не успеа да најде нов ангажман се реши да стави крај на играчката кариера.

Сепак, Евра најави дека ќе остане во фудбалот и дека следна цел му е да стане тренер и да тргне по стапките на Сер Алекс Фергусон. Французинот веќе има добиено неколку тренерски лиценци, а се чека уште на онаа најбитната, УЕФА Про лиценцата која е неопходна за водење на голем клуб.