Крај на ера: По 15 години во полуфинале на ЛШ ќе ги нема Роналдо или Меси!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првпат од сезоната 2005/06 нема ниту Лионел Меси, ниту Кристијано Роналдо да играат во полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).

Меси и Роналдо влегуваат во последните години од нивните кариери, а иако уште играат во големи клубови, сепак оваа година ќе ги нема на самата завршница.

Првпат од сезоната 2005/06 нема да има ниту еден од нив во полуфиналето а ЛШ, откако Јувентус на Роналдо беше елиминиран во осминафиналето од Лион, додека Барселона доживеа дебакл во четвртфиналето со 2-8 против Баерн Минхен.