Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Маратонските преговори за трансферот на најбараниот млад фудбалер Матијас де Лихт завршиле утринава, ако може да се верува на шпекулациите на „Газета дело Спорт“.
Во трка за капитенот на Ајакс прв низ целта поминал италијанскиот шампион, пред Барселона и ПСЖ, кои беа заинтересирани за неговите услуги.
Преговорите меѓу Ајакс и Јувентус траеле цела ноќ, а во тоа посредник бил Мино Рајола, контроверзниот менаџер, кој ќе заработи многу пари и на овој трансфер.
Де Лихт уште вечерва или утре наутро ќе замине во Торино на медицински прегледи, па во наредните денови ќе му биде на распологање на Маурицио Сари.
Договорот ќе чини 70 милиони евра, а притоа Де Лихт ќе има откупна клаузула од неверојатно 150 милиони евра, а Рајола ќе добие дури 11 милиони.