Крај на сагата: Еден од најборбените фудбалери заминува од Челси


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Англискиот фудбалер Конор Галагер не е во плановите на тренерот Енцо Мареска и поради тоа ќе замине од Челси.

Премиерлигашот двапати му понудил нов договор, но Галагер го одбил, по што „сините“ решија да го продадат во Шпанија.

Атлетико Мадрид покажа голем интерес за Галагер и конечно доби позитивен одговор од англискиот фудбалер, па наскоро ќе потпише петгодишен договор.

Шпанската екипа ќе исплати дури 40 милиони евра за услугите на еден од најборбените фудбалери на Челси во минатата сезона.