Крај на сезоната за Дончиќ: Далас ги загуби шансите за плејоф во НБА (Видео)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Далас маверикс беше еден од кандидатите за титулата, но влезе во резултатска криза во завршницата од регуларниот дел на сезоната и остана без место во плејофот.

Екипата од Тексас синоќа загуби со 112-115 од Чикаго булс и така остана без шанси за место во плејофот.

Поразот од Чикаго беше потврда на очајната форма на Далас, кој во последните 10 натпревари оствари само две победи.

Има неколку причини за кризата во Далас, а една од нив беа личните проблеми на Дончиќ, но и Кајри Ирвинг кој не ја подобри играта на екипата.