Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид ги потврди црните прогнози, па Еден Азар го очекува долга пауза по повредата во мечот против ПСЖ во Лигата на шампиони. Белгиецот речиси сигурно ќе го пропушти „Ел Класико“, кое се игра на 18 декември.
Најпрво постоеше надеж дека 28-годишниот фудбалер ќе паузира краток период, односно ќе се врати за „Ел Класико“, но сепак по деталните прегледи било потврдено дека ќе мора да паузира подолг период, односно до крајот на годината.
Ова се лоши вести и за Азар, кој во последно време влезе во препознатлива форма и така ги замолче критичарите кои се појавија поради лошиот старт во Мадрид.